Канческа Милевска: Бројни инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп

Во рамки на средбите со граѓани кои што ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа – Милевска заедно со градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Прилеп каде е завршена реализацијата на основниот проект за ПРЕПОКРИВАЊЕ на административната зграда, археолошка поставка, депоата за икони, археолошки и етнолошки експонати.

-Заводот за заштита на спомениците го реализираше проектот за непосредна заштита на административната зграда, поставување термо и хидриозолациона заштита и замена на керамидите во која е сместена институцијата која ја сочинуваат 5 објекти, депоата со археолошки материјал, зградата каде се наоѓа етнолошкото и историското депо како и зградата во која се сместени канцеларии и депото за големите керамички експонати, административните простории, постојаната археолошка поставка, библиотеката и постојаната етнолошка поставка. Слободно можам да кажам дека навистина бројни се инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп“.

kanceska-gif3

Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески го посетија и манастирот Трескавец каде во тек е обновата на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата  во манастирот Трескавец.

kanceska

Министерката посочи дека се се одвива според предвидената динамика, а целосната реализација на обновата на опожарените конаци е предвидена за 2018 година, појасни Канческа Милевска.

kanceska-gif2

 
 
27.10.2016 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега