ФОТО: Димовски со факти ги демантира лагите на Богоевски „Ако баба лаже, трап не лаже"
Во своето вчерашно гостување на Топ Тема, Богоевски рече дека Димовски само замислува дека бил следен. Димовски одговори со докумени и со аргументи:
„Ако баба лаже, трап не лаже! Еве дел од документација на ДБК – Велес од 05.06.1997 година (кога сум имал 16 години) од кои јасно се гледа дека моето тврдење дека сум следен е точно. Во еден дел во документот каде што стои и моето име пишува: “Оваа група беше предводена од најекстремните припадници на ова партија, ОПФАТЕНИ И СО МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДБК по оваа линија на работа, меѓу кои беа…. Димовски Илија и други лица”, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа