Лордот Каланан по средбата со Груевски: Британија ја поддржува Македонија

Лордот Каланан, кој е и член на комитетот за финансиски прашања во Домот на лордови во Велика Британија по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги посочи потенцијалите за соработка и позитивните впечатоците од економските реформи кои се спроведуваат во насока на подигнување на стандардот кај граѓаните.

-Можностите за соработката се високи и одлични. Го респектираме правото на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Се надевам дека ќе соработуваме во таа организација. Импресиониран сум од економските реформи кои ги спроведувате и економскиот прогрес кој го постигнувате. Во поглед на мигрантската криза ја почитуваме вашата одлука да ја затворите границата во поглед на мигрантите и се радувам што сте на вистинската страна на Европа, наместо да бидете центарот на проблемот. Конечното решение треба да се бара во решавањето на проблемот во Сирија, но ние исклучително ја цениме вашата досегашна помош, истакна Каланан.

 
 
27.10.2016 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега