ФОТО: Црногорците сведоци на чудо - ликот на Свети Василиј се појави на карпите над храмот Острог

Вистинско чудо ги изненади жителите на Црна Гора кој отидоа да го посетат манастирот Острог, кога на карпите над храмот се појави ликот на Свети Василиј Острошки. Како што пренесуваат тамошните медиуми, огромен број на посетители биле на самото место да се уверат во ваквото чудо. Еден од тамошните сведоци изјавил дека светецот на кому манастирот Острог бил посветен се појавил на карпите неколку секунди и се личело како да е со магла. 

-Беше неверојатно, ликот на Свети Василиј се појави од никаде, личеше на чад, но јасно се виде ликот на светецот на карпите. По десет секунди исчезна, но сигурна сум дека тоа беше Свети Василиј Острошки, како да сакаше нешто да ни порача и да не заштити“ изјавила една верничка која со свои очи го видела чудото, пишува „Правда“.

најчитано сега