СДСМ во слободен пад: Катица Јанева и двојазичноста на Заев го спуштија рејтингот на СДСМ
Последните интерни анкети кои пристигнале во опозициските редови ја зовреле атмосферата на Бихаќка. Серијата катастрофални изјави на Заев околу двојазичноста и обидите да се одбрани Катица Јанева значително го намалиле рејтингот на СДСМ на помалку од 80 дена пред закажаните избори на 11 декември.
Наместо интерес од албанското гласачко тело, извори од Бихаќка потврдуваат дека значително се намалила поддршката кај македонските гласачи. Проблем направил и обидот да се заштити Катица Јанева.
Според нашиот извори, кај граѓаните е невозможно да се смени сликата за кадар кој едноставно нема капацитет да се соочи со обврските и истите да ги реализира, а обидите на СДСМ да се стават на нејзина страна, дополнително ја повлекле опозицијата кон дното.
Според неофицијалните информации, во моментов СДСМ значително понизок рејтинг во однос на почетокот на годинава, додека рејтингот на владејачката партија останува непроменет.
На тоа уште пред неколку дена предупреди пратеничката Солза Грчева. Таа во интервју за Радио Слободна Македонија потенцираше дека најавата на Заев за двојазичност во цела Македонија ќе нанесе огромна штета за СДСМ.
„Мене ми дојде како гром од ведро небо, како оној скопски земјотрес, изјавата на лидерот на СДСМ дека нема никаков проблем да се воведе двојазичност во цела Македонија. Да се редефинира Уставот? Да се отвори Рамковниот договор? Тоа е една опасна теза. Тој веќе не крие дека игра на албанското гласачко тело. Јас немам ништо против во секоја партија да има лица од сите етникуми. Но оваа трговија, со толкав број гласачи, тоа ќе донесе до големи промени во изгледот и структурата на нашето општество. Од тоа се плашам навистина. Дали ќе донесе толку гласачи? Сепак не верувам бидејќи тоа би било погубно за Р.Македонија поради концесиите на кои е подготвен СДСМ“, вели Грчева
И експертите кои важат за блиски до СДСМ очигледно стигнале до интерните анкети кои редовно ги добиваат политичките партии. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во изјава за Топ Тема на Телма вели дека не треба да се очекуваат промени на изборите во декември
И новинарите кои важат за блиски до СДСМ и редовно ги бранат ставовите на опозицијата признаваат дека им пропаднал обидот преку медиумите да го сменат мислењето на јавноста. Новинарката Катерина Блажевска вели дека сите обиди на новинарите да го сменат мислењето во јавноста од граѓаните биле пречекани како непријателско дејствување. Таа вели дека граѓаните немаат капацитет да разберат во какво општество живеат.
Извори од Бихаќка велат дека во СДСМ се свесни за состојбата во која партијата се наоѓа иако се прават максимални напори, тоа да се сокрие од членство и јавноста.
Оттаму, СДСМ вчера направи обид партиското членство да го изнесе на улиците и скриени зад т.н. „Шарена Револуција“ да демонстрираат некаква сила и да испратат порака дека последните гафови на Заев и Јанева не се одразиле врз состојбите и рејтинзите на партијата.
Сепак, вчерашниот протест на СДСМ и СОРОС доживеа класично фијаско, а опозицијата не успеа да извади на улица значителна бројка на граѓани иако беа активирани општинските ограноци на СДСМ кои со автобуси носеа луѓе во Скопје.
Во таква ситуација, според информациите, СДСМ прибегнува кон стратегијата да се обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека готват терен за бегство од изборите, иако ниту Заев ниту пак некој од раководството конкретно не можат да кажат, на кој начин владејачките партии го прават тоа.
„Единствените кои бегаат од фер, слободни и демократски избори, во текот на целата година, не само сега, се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нема да дозволиме да се одложат изборите коишто треба да бидат фер, слободни и демократски. Македонија мора да има фер, слободни и демократски избори!„ – изјави вчера партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов
Во меѓувреме лидерот на СДСМ испрати писмо до амбасадорите кое дел од аналитичарите и медиумите го протолкуваа како подготвување на теренот за евентуално повлекување од изборната трка кон средината на идниот месец.
Заев им се жали на амбасадорите дека Уставниот суд не се произнесувал за судбината на Јанева, судството било под притисок на власта а Собранието се готвело да изгласа буџет, порано од тоа што се гласал во претходните години, кога инаку не се одржуваа предвремени избори во декември.
Аналтичарите кои ги следат партиските рејтинзи уште на почетокот на месецов најавија дека во декември, Заев го чека реприза на катастрофата од изборите во 2014 година.
Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања кој секогаш имал најточни предвидувања на изборните резултати вели дека не треба да се очекува промена на расположението кај граѓаните во однос на претходните изборни циклуси.
Анализата на изборните резултати од 2006 до денеска покажува дека СДСМ со исклучок на 2011 година, кога Црвенковски заедно со А1 телевизија дотурка до 368.000 гласови, опозицијата ретко кога имала над 250.000 гласачи на своето конто.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта во 2006 година, на сите изборни циклуси е над 400.000 гласа, а во 2008 и 2011 близу 500.000.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа