Мајка си го пронашла синот мртов со исечен полов орган

Мајка го пронашла својот син мртов во нивната семејна куќа во местото Видма, крај Птуј, Словенија, со пресечен полов орган. Како што пренесуваат локалните словенечки медиуми,  таа вчера вечерта затекнала ужасна слика, кога го видела својот 35 годишен син, како лежи со пресечен полов орган. Локалната полиција за словенечките медиуми потврдила дека мажот починал од насилна смрт.
Мариборскиот весник Вечер ги пренесува сведоштвата на соседите, дека таткото на момчето, неодамна се самоубил.
Полиицијата се уште работи на случајот. 

01.08.2013 - 11:40