Поплавените подрачја се враќаат во нормала: Пристигна помош во Унгарија

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе пристигне помошта што ја испрати Унгарија за настраданите во поплавите во Скопско, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Унгарија во Македонија, како и претставници на македонската Влада.

Има најави за пристигнување на донациите и од Австрија, Словачка и Бугарија. Со овие донации се зголемува бројот на држави кои донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, информираат од ДЗС.

 
 
15.08.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега