Додека сите се ангажираат максимално на терен, СДСМ/СОРОС се забавуваат во Струмица и фрлаат бои во Битола

Додека цела Македонија е мобилизирана и максимално на терен се прават напори да им се помогне на погодените граѓани од поплавите кои го зафатија скопскиот регион минатиот викенд и кои однесоа 22 животи, СДСМ/Сорос за забавуваат во Струмица и фрлаат боја во Битола. Дополнително, лицемерито на социјалдемократите се покажа и денеска во Собранието.

Во рамки на патувачкото “фрик шоу“ организирано од соросоидните организации, денес во Битола „шарените“ решија дека нема потреба да се солидаризираат со настраданите во поплавите, па наместо помош за настраданите решија да направат дополнителна штета.
bitola-1

Во халата на некогашна „Фрижидерка“ во Битола, одржаа концерт, дебати, и на крајот фрлаа бално со боја на ѕидовите со образложение дека тоа било „цивилизациска еволуција“.

bitola-2

-Еден од највпешатливите настани годинава, беше перформансот на хрватскиот уметник Бруно Исаковиќ „Каква власт, таква архитектура“, во кој тој ја испиша познатата реченица на Ѓорѓе Иванов „Разумен компромис е разумен компромис“ и потоа самиот се изложи како споменик од Скопје 2014, а публиката фрлаше „бомби“ и слично како во акциите на Шарената револуција, сосема го исфарба ѕидот со реченицата на Иванов и уметникот кој мирно стоеше како спомник, гордо пренесоа опозициските мегафони.

bitola

Дополнително, лицемерните опозициски активисти кои секојдневно се обидуваат да ќарат некој политички поен на грбот на настраданите граѓани во поплавите, на социјалните мрежи се фалат како се забавуваат на струмичкиот „Опен фестивал“, платен од страна на Зоран Заев со парите на граѓаните од Општина Струмица.

gocev-alek-n

Лицемерие на дело: Пратениците на СДСМ со две лица во Собранието

На собраниската говорница обвинувања, а во пратеничките клупи расположение на високо ниво меѓу опозициските пратеници. Пратениците на СДСМ со две лица во Собранието на седницата посветена на штетите од катастрофалното невреме.

 
 
14.08.2016 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа