Груевски: Невремето е најголема природна катастрофа по скопскиот земјотрес во 1963 година

Големината на невремето кое што го зафати овој регион, навистина е нешто што може да се споредува со многу големи вакви несреќи од минатото. Имено, зафатени се околу 5.000 домаќинства, 93 литри на метар квадратен се наврнати за само час до два, опфатен е голем регион, и не случајно експертите велат дека вакво нешто се случува еднаш во 1000 години.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска гостуваше во вестите на Сител.

-Самиот тој факт што станува збор за несреќа која се случува еднаш во 1.000 години, укажува на тежината на проблемот со кој се соочуваме. Се чини дека ова е најголема несреќа, најголема катастрофа по земјотресот во 1963 година, барем од она што луѓето го паметат, и има голема тежина и огромни проблеми создаде, додаде Груевски.

На пример, посочи тој, во Србија се уште се чувствуваат последиците од минатогодишните поплави, се уште не е се до крај расчистено- голем дел е завршен, но еден дел е се уште во фаза на изработка.

 
 
13.08.2016 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега