Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во Зрзе

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата „Св.Никола“ во село Зрзе, Прилепско,  значаен споменик на културата од 14 век.

Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучително значење, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.

 

Во рамки на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Прилеп во изминатиот период извршија истражувачки работи на фрескоживописот, беа отстранети наталожените нечистотии, а во моментов се работи на консолидација на оштетениот  обоен слој, соопшти Министерството за култура.

Со конзервацијата на фрескоживописот  која треба да биде завршена во 2016 година, во целост ќе биде  вратен првобитниот колорит и сјај на фреските во црквата „Св. Никола“, фрескоживописани од еден од најпознатите сликари Онуфрие.

Црквата „Свети Никола“ е мала еднокорабна црква која е метох на манастирот Свето Преображение во село Зрзе.

 
 
13.08.2016 - 12:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега