ПРЕД И ПОТОА: Погодените подрачја забрзано се обновуваат од поплавите (ВИДЕО)

Ако пред само 3 дена главниот пат во скопско Страчинци беше целосно уништен од поплавата, а селото беше отсечено, денеска сликата на терен е поинаква.

Патот е расчистен и прооден , а механизацијата ги расчиства и дворовите и приодот кон земјоделското земјиште. Во огромниот напредок кој е постигнат во санирање на штетите лично се увери и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Жителите се задоволни од бразата реакција на институциите, бидејќи велат дека не очекувале во своите домови да влезат ни по еден месец од поплавите, но теренот е расчистен за само 3 дена.

Слична е сликата и во скопско Црешево. Непроодните патишта и уништената инфраструктура беа едни од најголемите проблемите за жителите. Велат дека во ова село се работело деноноќно, а благодарение на превземените актвиност тие денеска имаат и електрична енегрија и вода за пиење. Екипите за проценка на штетите се веќе на терен.

90 проценти е саниран и главниот пат во скопксо Виниче кој целосно беше однесен од големото количество вода од поплавите. Жителите побараа помош за санација на патот до локалниот водовод за да може тие да добијат и вода за пиење.

Груевски го посети и скопско Смилковци кое претрпе огромни штети од невремето. Сликата и во ова скопско село денеска е измената. Целосно се исчистени три улици додека во тек е санација на останатите четири. Водата е испумпана од куќите, а се работи на чистење на сметот и отстранување на угинатиот добиток. Жителите се задоволни што како резултат на брзата санација на штетите тие имаат струја и вода за пиење, а животот во ова село полека се враќа во нормала.

Т

 
 
12.08.2016 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега