ВИДЕО: Навивачката група Комити помага во расчистувањето во Стајковци

Жестоки на трибини, вредни на терен. Навивачката група Комити неуморно работи на расчистување на куќите на најкритичните точки во Стајковци.

 
За навивачите нема одмор се додека целиот отпад не се извади од поплавените домови
 
Покрај работната сила, Комити собираат и хуманитарна помош. Додека тие расчистуваат, девојките од врата на врата ги разнесуваат намирниците кои им се неопходни на граѓаните.
 
Иако Стајковци полека излегува од калта, тесните улички и натаму остануваат најпроблематични.
 
Една недела по невремето, најголем дел од селото полека почнува да се враќа во нормала. Се врши дезинфекција, лекарските тимови од врата на врата делат совети за граѓаните. Никој нема дилема. Стајковци повторно ќе биде пријатно место за живеење.
 
Прилогот на ТВ Сител погледнете го во продолжение
 
 
12.08.2016 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа