Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку Јасен прооден за теренски возила

Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку Јасен е пуштен за сообраќај, но само за теренски возила, соопшти ЈП Македонија пат.

Екипите на ЈП Македонија пат, како што се наведува, продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

Од ЈП Македонија пат препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

 
 
12.08.2016 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа