УМС на ВМРО-ДПМНЕ е рамо до рамо со младите политичари во Европа

Филип Ѓоргиев, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е избран за копретседавач на постојана работна група Младински Политики за Европа.

На годишното собрание на младинската организација Европски демократски студенти во Кипар кое се одржа од 2-ри до 7-ми август, со оваа одлука уште еднаш беше докажано дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ е рамо до рамо со младите политичари во Европа.

Претходно, сегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски од 2013- 2014 исто така беше копретседавач на Работна група за човечки права.

ums-seminar2

Минатата година Скопје преку Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ беше биде домаќин на централен настан на подмладокот на Европската народна партија (European democratic students) каде што 50 учесници од цела Европа разговараа и дебатираа на темата  за младите и развојот (Youth for growth).

burazin1

За активностите на подмладокот на Европската народна партија и за настанот, тогаш зборувавме со Генералниот секретар, Иван Буразин.

-УМС на ВМРО-ДПМНЕ се полноправни членки на подмладокот на Европската народна партија, а ние имаме различен вид на членство. Најпрвин сте гостин, набљудувач па потоа станувате полноправен член и тогаш може да учествувате во работата на Советот, имате право на глас и да бидете избрани за членови на Бордот. Унијата на млади сили се навистина многу активни и во минатото и сега, а таа активност и соработка ќе продолжи и во иднина. Од политички аспект, ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството на Европската народна партија. Ние сме официјалната студентска организација на ЕНП, а со самото тоа што УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги негува тие вредности и тие се дел од нашето семејство, објасни лани Иван.

ums-seminar3

 
 
12.08.2016 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега