Дебар му помага на Скопје - градот донираше 150.000 денари за поплавените

Јавната установа „Национален парк Маврово“ за настраданите подрачја од саботните поплави донираше 150 илјади денари, а подготвена е да испрати и физичка сила и механизација, најави денеска директорот Онер Јакупоски.

- Управниот одбор на нашето претпријатие како прва помош испрати 150 илјади денари. Тоа можеби не е некој голем износ, но се надеваме дека ќе биде поттик тоа да го сторат и други претпријатија, институции и поединци. Во исто време поготвени сме да испратиме и физичка сила и механизација, изјави Јакупоски.

Градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди,пак, информира дека на два пунка, во Ростуше и Маврови Анови се собира хуманитарна помош во храна, вода, средства за хигиена и слично, која деновиве ќе биде испратена во натаданите подрачја.

Мехмеди посочи дека Советот на општината ќе донесе одлука и за финансиска помош за настраданите.

Општина Дебар во соработка со фабриката „Бесмир комерц“, сопственост на Мунир Папранику, како и бизнисменот од САД, Мухарем Шеху, испрати три тони помош која се состои во макарони, јуфки и други прехранбени производи.

Помош се собира и во дебарскиот Црвен крст, како и во општина Центар Жупа.

 
 
12.08.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега