Гореше куќа во Драчево - 15-члено семејство остана без покрив на главата

Изгоре куќа во скопско Драчево, семејството Мустафови утрово остана без покрив над главата, пишува ТВ Нова. 

Тие за ТВ Нова велат дека трособната куќа семејството Мустафови, самите ја изградиле и во неа живееле над 20 години, а како растеле нивните деца, семејството се проширувало, и сега 15 луѓе остануваат на улица.

Пожарот им уништил се, па дури и малкуте пари кои ги имале. 

-  Сега немаме ништо. Ја молам оваа наша држава да ни помогне бидејќи нас никој овде не ни помага. Јорганите, облеката, душеците, се е изгорено а овде три семејства живеат - вели Нуриа Мустафова, на која и изгореле и апчињата која ги конзумирала бидејќи живее со два стента.

Повеќе прочитајте на ТВ НОВА 

 

 

 

 

 
 
12.08.2016 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега