Каракостас: Бурата во Скопје беше многу ретка меторолошка појава со екстремна сила

Многу ретка и екстремно силна- вака угледниот грчки професор по метеорологија Теодор Каракостас ја опишува саботната бура која потопи делови на Скопје за ТВ Сител. За него нема дилема- овој настан е феномен за метеоролозите.

- 6ти август ќе биде запаметен како ден во метеорологијата. Се случи една екстремно силна бура

Според Каракостас дождовите со ваков интензитет се исклучително ретка појава. Особено проблематично е тоа што огромното количество вода наврмнало за само неколку часа. Се работи за едноќелиска бура односно за бура концентрирана на ограничен простор.

- Се работи за огромна количина вода која паднала за многу краток временски период од само 5 часа. Тоа ние го нарекуваме ненадеен налет на бура

Професорот смета дека ваква непогода не може да се предвиди бидејќи на неа делувале повеќе фактори а се работи и за редок феномен.

- Дури и ако моделот ви даде информација за вакво невреме, еден искусен метеоролог ќе земе предвид дека тоа реткос е случува. УХМР постапи соодветно.

Теодор Каракостас е е директор на одделот за метеорологија на Универзитетот Аристотел во Солун. Своето образование го оформил во САД каде специјализирал по прашањето на бури и турбулентни временски услови. 

 
 
12.08.2016 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега