ДПМ со јавен повик: Со донирање книги да им се помогне на настраданите
Друштвото на писателите на Македонија испраќа јавен повик до своите членови да донираат книги за помош на настраданите во поплавите во Скопје.
Донирањето книги е скромен материјален, но важен морален чин во овие тешки денови за настраданите во поплавите, но и за сите граѓани во земјата, се вели во соопштението на македонската писателска асоцијација.
ДПМ ги повикува и издавачките куќи во Република Македонија да го прифатат апелот и да дадат свој влог во оваа акција.
Друштвото на писателите е отворено и подготвено да учествува и со други форми кои ќе можат да ја ублажат болката на настраданите.
Со овој повик ДПМ ја поддржува иницијативата на волонтерите од ФБ-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје и ги упатува своите членови книгите да ги донираат на пунктот во „Сити Мол“, на кој од утре, со почеток во 10 часот, писателите ќе можат да им ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа