Се крши карпата надвисната над селото Шипковица
Тим на Армијата на Република Македонија почнал со кршење на карпата која е надвисната над тетовско село Шипковица, каде во саботата повторно имаше невреме, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Поплавата предизвика свлечиште и однесен е дел од локалниот пат од селото Шипковица кон селото Бродец. СВР Тетово континуирано презема мерки и активности за регулирање на сообраќајот на локалниот пат кој се одвива отежнато. Исто така работната механизација е ангажирана за целосно расчистување на патниот правец и ставање во првобитна состојба
10.08.2016 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа