Писмо со сочувство од Кундерс по повод поплавите во Скопје и Тетово

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс вчера прати писмо со сочувство до својот македонски колега Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово.

- Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до Владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите, нагласува Кундерс во писмото со сочувство.

Кундерс им посакува на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците од трагедијата. 

 
 
10.08.2016 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега