Како хулиган од Прилеп испратен да провоцира стана жртва на поплавите во Ченто?

Не престанува политиканството и обидот на СДСМ да се поентира на несреќата на граѓаните од поплавените подрачја во скопско.

Денеска СДСМ организирааше инцидент во кој нивен активист го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Напаѓачот во медиумите под контрола на СДСМ беше претставен како граѓанин од поплавените подрачја и истиот опишан како жртва на напад од страна на обезбедувањето на Груевски, а всушност напаѓачот беше истуркан од месното население, на кои им е веќе преку глава од ваквите обиди на одредени политички партии да ќарат политички поени. Ова лице е од Прилеп, а денес во Скопје имаше за цел да предизвика инцидент. Тој не е погоден од поплавите, а за да оствари политички поен за опозицијата, гази по судбината на лицата кои претрпеа загуби.

Па така следуваа оркестрирани наслови во медиумите под контрола на СДСМ како : Скандал: „Приврзаник на Груевски нападна човек од настраданите во поплавите!“ , „Придружба на Груевски пред него тепа жител на поплавените подрачја“ , “Граѓанин доби тупаница в лице оти му забележа на Груевски за штетите од поплавите“ и други во кои медиумите под контрола на СДСМ се обидоа да создадат искривена слика, по вкусот на СДСМ.

faktor

 meta

soros

Кој всушност е провокаторот?

Станува збор за познат Соросов активист, под директна палка на Заев и Сорос, Гоце Маркоски, кој воедно е и член на Централниот комитет на Левица, партија-испостава на Сорос и СДСМ чии членови во протестите на така наречената „Шарена револуција“ беа дел од уништувањето на државен имот: споменици, згради и мостови.

levica1

Инцидентот кој смислено беше инсцениран од Заев и СДСМ се случи за време кога екипа на бугарската телевизија Нова беше во околината на Груевски, со цел инцидентот да биде претставен како скандал, во поширокото подрачје.

levica2

 
 
09.08.2016 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа