Македонската Кендо Федерација донираше еден тон вода

Еден тон вода за загрозените семејства зафатени од поплавата во Скопје денеска донираше Македонската Кендо Федерација.

Како што информираат од МКФ средствата се собрани преку пренамена на членарините од членовите на клубовите како и од донации на членовите на Федерацијата.

-МКИФ од денеска ги стави на располагање своите простории како пункт за собирање помош во облека, конзервирана храна, средства за лична хигиена и вода. Пунктот на МКИФ се наоѓа во населбата Црниче, О.У. „Кузман Јосифовски – Питу” на ул. Банско б.б. и ќе биде активен секој ден од 10 до 22 до петок, се истакнува во соопштението на МКФ

Федерацијата стапила во контакт со градскиот Црвен Крст и согласно можностите ги ставила на располагање просториите како и нејзините членови да учествуваат како волонтери во активностите на Црвениот Крст.

 
 
09.08.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега