Гевгелија му помага на Скопје

Уште десет работници од гевгелиското комунално претпријатие од денеска се наоѓаат во погоденото подрачје од поплавата во скопскиот регион и заедно со седумте нивни колеги, кои се вклучени во помошта од пред два дена, работат на отстранување на последиците од поплавата.

Од претпријатието потврдија дека тие со четири возила, четири агрегати и четири пумпи работат на испумпување на водата од домовите, чистење на калта и остатоците од поплавата и исфрлување на ѓубре и оштетена покуќнина.

Информативната служба на општина Гевгелија соопшти дека попладнево за Скопје тргнал и шлепер со донирана вода за пиење и хигиенски средства од граѓаните и правни субјекти од општина Гевгелија која уште од првиот ден се собираше на пунктот во дворот на ТППЕ Гевгелија. По препорака на Црвениот крст на Македонија помошта ќе биде доставена до магацинот во Момин поток. 

 
 
09.08.2016 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега