Донации од Берово за скопјани кои беа погодени од поплавите

Општинската организација на Црвен Крст Берово апелира до сите граѓани на Малешевијата, во рамки на своите можности да донираат, да дадат свој допринос во помагање на поплавените подрачја во скопскиот регион.

За таа цел е отворен пункт на Црвен Крст Берово во просториите на Црвен крст Берово ( до Старата амбуланта), тука граѓаните донираа вода за пиење, храна со подолг рок на употреба, средства за лична хигиена.

Сите заинтересирани граѓани, исто така можат да донираат 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.

Млекара ЗЕГИН од Берово, донираше 1 (еден) тон малешевско сирење.

Граѓаните на општина Берово во многу наврати кога било потребно го изразиле своето длабоко чувство на хуманост и солидарност и помогнале онолку колку што можеле.

Сега е вистинско време, сите заедно да ја изразиме повторно нашата хуманост и солидарност на дело.

 

 
 
09.08.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега