Владата се вклучува во справувањето со поплавите - состојбата будно се следи

Град Скопје формираше Кризен штаб по силното невреме кое попладнево го зафати Скопје.

Состојбите се следат и се дејствува на терен. Онаму каде што е најкритично и најпотребно екипите се веќе на терен и дејствуваат.

Со поддршка во справувањето со поплавите се вклучува и Владата. Се очекува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов да го посети кризниот штаб.

Состојбата се следи во цела Македонија, се дејствува во скопско и тетовско.

Наскоро повеќе детали

 
 
06.08.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа