Фондот за иновации на 3-от повик ќе додели 15 грантови до 30.000 евра: Поднесена 51 апликација

На третиот повик кој што го има објавено Фондот за иновации и технолошки развој за Стар ап претпријатија, пристигнале вкупно 51 апликација, информира  директорката Јасмина Поповска.

Реализацијата на проектите од првиот повик веќе се во завршна фаза, станува збор за 16 проекти и поголемиот дел од нив веќе имаат лансирано производи. На вториот повик беа доделени и средства за инструментот за комерцијализација на иновации. Проектите од вториот повик се на половина од нивната реализација и имплементација.

-На третиот повик планираме да доделиме 15 грантови до 30.000 евра. моментално најмногу има интерес во делот на информатичките технологии. 35 апликации доаѓаат токму со иновативно решение од оваа област. Но се повеќе има апликации кои доаѓаат од областа на земјоделие, образование, прехранбена индустрија. Така што има околу 1015 апликации кои се од останатите сектори, информира Поповска.

Со Фондот за иновации, голем број на граѓани од Македонија за прв пат добија можност своите иновативни идеи да ги реализираат на соодветен начин. Радува фактот и што се поголем број на млади се дел од овие иновативни идеи, дел од нив студирале во странство и се враќаат во Македонија да ја реализираат својата идеја и да започнат бизнис.

-Честопати и некој експерт со долгогодишно искуство во тимот има млади луѓе. Оние тимови кои што работата на проектите се претежно млади. Тоа што ме радува е што имаме голем број на луѓе кои што се на последипломски и докторски студии во странство се враќаат во земјата и почнуваат бизнис, што значи дека ова е одлична иницијатива за луѓето да останат во Македонија и да размислуваат за свој сопствен бизнис, вели Поповска.

Голем број на граѓани ја посетуваат и Канцеларијата на Фондот за иновации и технолошки развој, заинтересирани се да се информираат, а според бројноста на апликациите и комплетноста на истите може да се заклучи дека со секој нареден повик, професионалноста и заинтересираноста расте.

 
 
06.08.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега