ДРАМА во затворот - едно службено лице повредено

 

Затворската болница во моментов се наоѓаат околу 300 пациенти кои доаѓаат од цела Србија, а во една смена ги чуваат само неколку чувари.

Војкан Стефановиќ (35) од Ваљево, кој е прогласен за непресметлив по обидот за силување на малолетно лице, повредил чувар додека се обидувал да избега од затворската болница во Белград.

Тој на почетокот на оваа недела го удрил  чуварот во главата додека се обидувал да избега од болницата и полесно го повредил.

Потешките последици се спречени кога другиот чувар од затворот притрчал на помош, и тие едвај успеале со лисици да ги врзат рацете на пациентот.

Стефановиќ во оваа институција е веќе 13 години, откако на 2 јануари 2003 година во очите на минувачите, во близина на основното училиште "Нада Пуриќ"во Ваљево, се обидел да ја силува К. А. (15),  девојка со оштетен слух. Тој ја удрил, па таа паднала на земјата и почнал да ја соблекува.

Кога луѓето се обиделе да ја одбранат малолетничката, Стефановиќ извикувал: "Луѓе, браќа Срби, дозволете ми да **** Циганката ".

За среќа, девојката се одбранила, па Стефановиќ во полицијата изјавил, дека тоа го направил од расистички мотив.

 

 

 
 
18.07.2016 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега