Старт на новата работна недела: Следува пресврт со времето

 

Денеска е понеделник, 18 јули 2016 година, 200-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 166 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути.

Денов трае 14 часа и 53 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 18 часот и 43 минути, а ќе зајде во 3 часот и 51 минута.

Времето денеска ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Кон крајот на денот во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Утринските температури  ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура ќе биде во интервалот од  22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 15 до 26 степени.

 

 
 
18.07.2016 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега