Информации од Ница за повредените во терористичкиот напад
Францускиот министер за здравје наведува дека околу 85 лица и понатаму се во болница по терористичкиот напад во Ница во кој убиени се 84 луѓе.
Според неговите зборови, 18 лица се наоѓаат во критична состојба, а меѓу нив е и едно дете.
Министерот апелираше до оние кои го преживеале нападот да побараат стручна помош и советување кое го нуди Владата.
Исламската држава ја презема одговорноста за нападот во Ница.
17.07.2016 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа