Голема трагедија: 17 лица починаа од домашна ракија, 12 се во критична состојба болниците преполни
Откако во петокот пиеле лажна ракија, жртвите почнале да повраќаат, со јаки болки во стомакот и заматен вид, соопштила полицијата во областа Етах во Утар Прадеш.
Седумнаесет работници загинаа, а 12-ина од нив се борат за својот живот во северниот дел на Индија, откако се напиле отровна домашна ракија, соопшти полицијата денес.
- Седумнаесет лица загинаа, од петокот вечерта, а околу 12 од нив се уште се во болница во многу лоша состојба - изјави локален официјален претставник на полицијата, додавајќи дека препродавачот беше уапсен во саботата вечер.
Продавачот очигледно ја мешал ракијата со некои хемикалии во последната тура на алкохолни пијалоци.
Стотици сиромашните луѓе умираат секој ден во Индија од труење со алкохол, најмногу од евтина лажна ракија, потсетува француската агенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа