Прашањето за министерот за внатрешни ги закочи преговорите во Пржино

 

Претставници на четирите партии потписници на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, на синоќешната рунда преговори за излез од кризата во Македонија, постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно. 

По средбата, претставниците на партиите потписнични на договорот не дадоа изјави. Единствен кој даде изјава беше евроамбасадорот Аиво Орав според кој била завршена значителна работа, бил постигнат голем напредок, освен за едно прашање кое тој не го прецизираше.

Сепак, неофицијално, преговорите кои траеја неколку часа вчера запнаа околу прашањето за министерот за внатрешни работи предложен од страна на опозицијата, и неговите ингеренции во преодната Влада. 

Ова е епилогот од средбата која вчера траеше неколку часа.

 
 
14.07.2016 - 15:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега