Арената Филип Втори во полн сјај- трибините се наполнија до последното место (ФОТО)

 

Навивачите на Варадар и вљубениците во фудбалот кои вечерва одлучија да му дадат поддршка на македонскиот тим во колони чекаат на редот за влез на арената „Филип Втори“.

arena-publika-520x293

Иста е сликата пред секоја од трибините, а и градскиот парк е препол со навивачи во боите на црвено црните. Оние кои се сеќаваат на најдобрите времиња на Вардар велат дека се враќа сјајот на најголемиот стадион преку пополнетост до последното столче, пренесува Република.

arena publika 1

Според последните информации заклучнио со минатата ноќ биле продадени 20.000 билети, а и денеска билетарата на арената работеше под полна пареа. Се очекува Варадар вечерва да го бодрат повеќе од 25.000 навивачи во желбата да стигне до резултат со кој дополнително мотивиран ќе го очекува реваншот за седум дена во Загреб како би стигнал до третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Во еден глас заедно ќе навиваат за триумф против хрватскиот шампион.

 
 
12.07.2016 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега