Подгответе се за дожд и грмежи - температурите ќе паѓаат

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Се уште има услови за  изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во ноќните часови ќе биде претежно ведро, на места со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Т-мин. од 13 до 21, а т-макс. од 31 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Т-мин. 21, а т-макс. до 37 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

 

Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање

 
 
24.06.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега