10 најмирни земји во светот - погледнете каде се наоѓа Македонија

Исланд веќе шеста година по ред е на врвот на листата на најсигурни земји во светот, додека Македонија на оваа листа ја завзема 94. позиција од 163 земји во светот.

На самиот врв се и Данска, Австрија, Нов Зеланд и Португалија.

Институтот за економија и мир ја објави листата на 163 земји во светот според светскиот индекс на мир (ГПИ), а дури седум од десет со најголем број бодови, се наоѓаат во Европа.

Од земјите во регионот најмирна е Словенија, која се наоѓа на 10. позиција, следува Хрватска на 26. позиција, додека Србија е на 48. место.

Првите десет најмирни држави се:

Исланд

Данска

Австија

Нов Зеланд

Португалија

Чешка

Швајцарија

Канада

Јапонија

Словенија

 

 
 
22.06.2016 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега