Пеколните горештини ги полнат болниците во Македонија

Високите температури кои од вчера ја зафатија цела Македонија, предизвикаа хаос. Пеколни горештини и високи температури  има во скопскиот, осоговскиот, пелагонискиот и јужновардарскиот регион. Тоа го зголеми бројот на колапси и ги преполни болниците.

Жешкото време ги вжешти и линиите на Брзата помош. Овој период имаат зголемен број на повици од пациенти кои имаат проблеми поради честите промени на временските услови, пишува Сител.

Инаку, и денеска температурите ќе се движат до 38 степени целзиусови со што Македонија е во портокалова фаза.

почитувајте ги препораките за пеколните температури. Носете светла облека, пијте многу вода и течности, јадете лесна храна, не излегувајте од 11 до 17 часот.

 

 
 
22.06.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа