Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2015 година денеска ќе биде разгледуван на собраниската Комисија за економски прашања. 

Во извештајот е даден преглед на активностите реализирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика во текот на минатата година, со посебен осврт на состојбите на пазарите на енергија, состојбите поврзани со регулирањето на тарифите и цените, изготвувањето на регулативата, активностите на меѓународно ниво, а содржи и преглед на финансиското работење на Комисијата. 

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно членот 35 од Законот за енергетика, изготвува годишен извештај што до Собранието треба да го достави најдоцна до 31 март од наредната година.

 
 
22.06.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега