Џон Њуман пристигна во Скопје

Англиската соул ѕвезда Џон Њуман денеска во раните утрински часови пристигна во Скопје.

Еден од најпопуларните музичари на денешницата вечер ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој ќе го промовира новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо, информираат од „Авалон Продукција“.

Џон Њуман стои позади некои од најголемите хитови како што се „Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“, „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“ и најновата „Give Me Your Love“.

Пред концертот на Њуман, ќе настапат Даниел Кајмакоски и групата Eye Cue.

 
 
21.06.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега