Продолжува модернизацијата на македонските железници

Македонски железници - Транспорт почна со реконструкција на депото за возови во кое ќе се создадат услови за нормално сервисирање на локомотивите, патничките и товарните вагони.

Реконструкцијата ќе чини околу два милиона евра кои се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој. Се очекува реконструкцијата да заврши за една година.

- Првпат по 43 години вршиме модернизација на халите и создавање на нормални услови за сервисирање на возовите. И покрај ситуацијата во која се наоѓа „Македонски железници“, имајќи ја предвид мигрантската криза и штрајковите на Солунското пристаниште, сепак изнаоѓаме начини и средства преку проектите на Владата да вршиме реконструкција на овие хали, изјави денеска Никола Костов, директор на „Македонски железници - Транпорт“.

Покрај обновата на Депото, во делот на модернизацијата на железничкиот сообраќај, набавени се и 150 товарни вагони и шест патнички возови, а во тек е и купувањето на три електролокомотиви.

Во однос на загубите што ги трпи претпријатието со штрајковите на Солунското пристаниште, Костов изрази надеж дека во следниот период ќе се надоместат претрпените штети. 

- Директните штети на Македонски железници изнесуваат околу три милиони евра или околу пет милиони евра индиректни штети. Очекуваме дека изгубените превози во догледно време и со тековно работење, ќе ги надминеме, рече Костов, додавајќи дека засега нема проблем во исплатата на платите за вработените. 

 
 
21.06.2016 - 12:08
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега