ЛОГИЧНИ ЗАГАТКИ: Ќе ги најдете ли сите точни одговори?

 

Логичките загатки се многу популарни меѓу луѓето зошто често ни докажуваат колку нашиот мозок знае непотребно да ги комплицира работите. Дури и кога одговорите ни се пред носот ние размислуваме не гледајќи ги сосема едноставните решенија.

Обидете се да ги решите овие логички загатки:

  1. Вие сте пилот на авион кој лета од Лондон до Берлин со два трансфери во Прага. Кое е презимето на пилотот?
  2. Влегувате во темна соба. Во собата има печка на дрва, факел и свеќа. Со себе имате кибрит со само едно чкорче. Што ќе запалите најпрво?
  3. Бизнисмен купил коњ за 10 долари и го продал за 20. Потоа го купил истиот коњ за 30 долари, а го продал за 40. Колку пари вкупно заработил бизнисменот?
  4. Што е тоа што наутро оди на 4, напладне на 2, а навечер на 3 нозе?
  5. Во шумата има зајак. Одеднаш започнува да врне. Под кое дрво ќе се скрие зајакот?
  6. Двајца луѓе чекорат еден кон друг. И двајцата се целосно идентични. Кој прв ќе го поздрави другиот?
  7. Балон на жежок воздух е носен од постојан ветар во насока на југ. Во која насока ќе се веат знамињата на неговата кошница?
  8. Имате 2 јажиња. Кога ќе ги запалите од едниот крај, секое ќе изгори за точно 1 час. Сепак горењето нема правилна стапка. Како ќе измерите 45 минути користејќи ги двете јажиња и запалка?

prasalnik 1 prasalniknajsmesni-glupavi-prasanja-01

Откако ќе дадете одговор кој мислите дека е точен, прочитајте ги решенијата на прашањата! Бидете искрени, ги погодивте ли сите?

1. Вашето презиме.

2. Чкорчето.

3. 20 долари.

4. Човекот на 4 нозе е за време на детството, на 2 нозе е за време на зрелоста, а на 3 нозе е во староста.

5. Под влажно дрво.

6. Оној кој е покултурен.

7. Балонот на жежок воздух кој е носен од постојан ветер се движи во истата насока во која се движи и воздухот околу, па затоа знамињата нема да се веат во ниту една насока, исто како кога времето би било мирно.

8. Треба да го запалите едното јаже од двата краја – на овој начин ќе добиете 30 минути. Во исто време запалете го другото јаже од едниот крај. Кога првото јаже целосно ќе изгори (30 минути), запалете го и другиот крај на второто јаже (ќе останат 15 минути).

 
 
13.06.2016 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега