Фрлале со столици едни кон други - тепачка во Прифатниот центар за странци во Скопје

Вчера настанала тепачка во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Десетина згрижени лица одбиле да конзумираат храна и ги советувале и сите останати згрижени лица да не ја конзумираат храната, по што започнале вербална расправија со друга група странци која кулминирала со тепачка. Двете разгневени групи почнале да фрлаат со столици едни кон други, при што веднаш интервенирала полицијата.

Тие ќе заработат соодветна кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

најчитано сега