ЕУ: Само БиХ е единствената земја од Балканот која не напредувала на европскиот пат

И по три годнини лидерите на БиХ не ја имплементирале одлуката на Судот за човекови права во Стразбур во случајот со Сејдиќ - Финци. Ова наиде на сериозна загриженост на седницата на Советот за надворешни работи на Европската унија на кој се зборуваше за немањето напредок на БиХ на патот кон Европската унија. Оваа земја е единствената која нема напредувано на европскиот пат беше константирано на Седницата со која претседаваше Кетрин Ештон. 

На седница на Советот за надворешни работи на Европската унија повторно е изразена загриженост поради немањето напредок на Босна и Херцеговина на патот кон Европската унија.

Со спроведување на пресудата во случајот Сeјдиќ-Финци овозможува елиминирање на националната дискриминација од изборниот процес.

- Советот е загрижен поради можните последици до кои може да дојде на изборите во 2014 година и уште еднаш апелираме до БиХ тоа да го сфати како приритет за усогласување на Уставот со Европската конвенција за човекови права. Исто така, неопходно е да стапи во сили Договорот за стабилизација и асоцијација, заклучено е на седницата.