Меѓународен ден на семејството

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународниот ден на семејството - 15 Мај. По тој повод во Градскиот парк ќе биде поставен специјален штанд на кој минувачите ќе можат да купат различни изненадувања и да прочитаат интересни пораки посветени на семејството.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани во посебното основно училиште „Идинина“.

- Целта е да ја разбудиме хуманоста во нас и да се потсетиме дека секое семејство е подеднакво важно, информираат од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет - Скопје. 

Во Градскиопт парк исто така на одбележувањето на овој ден се вклучува и „Лице в лице“, кое ќе го промовира 20-то издание на уличното списание, посветено на темата семејство. 

Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството, и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење.

 Меѓународниот ден на семејството е прокламиран од Обединетите нации уште во 1993 година. Оттогаш, 15 мај насекаде во светот се слави како ден на семејството. Овој ден претставува одлична можност да се подигне свеста за теми поврзани со семејството и да се зголеми знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејството. 

 
 
15.05.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега