Ахмети: ДУИ ќе преземе иницијатива за свикување на Собранието

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил нведува дека партијата во наредните денови ќе преземе конкретни активности да се свика Собранието и оти тоа треба да се случи што е можно поскоро да се врати стабилноста и безбедноста со евроатлантска перспектива.

Според него избори на 5 јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА не претставува крај на политичката криза туку нејзино продлабочување.

- Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница, наведува Ахмети.

Ги повикуваат сите политички партии да се приклучат на иницијативата за враќање на Парламентот и да се започне заедничко решавање на кризата.

 
 
12.05.2016 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега