Промовиран проект„Јавно и политичко учество на жените Ромки“

Проект насловен „Јавно и политичко учество на жените Ромки“ денеска промовираа ромската организација на жени „Даја“ од Куманово и НВО „Кхам“од Делчево.

Проектот, кој е поддржан од ЕУ преку европски инструмент за демократија и човекови права, има за цел подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата, јакнење и поддршка на жените, создавање на поволна средина во политичките партии и зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки.

- Новиот проект е продолжение на кампањата која „Даја “ со години ја спроведува на подрачјето на Македонија за јакнење на улогата на жената Ромка во политичкиот и јавниот живот. Овој проект ќе трае наредните две години. Посебно сме среќни што партнер ни е „Кхам“,чиј претседател активно е вклучен во овој проект и го поддржува вклучувањето на жената Ромка во политичкиот и јавниот живот, изјави Дилбера Камберовска, престедател на „Даја“.

Таа нагласи дека има одредена вклученост на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот, но, процентот на таа вклученост е на незавидно ниво. Проектот ќе се спроведува во Скопје, Куманово, Штип, Делчево и Гостивар и опфаќа повеќе етапи меѓу кои и истражување.

- Клучни активности кои планираме во овој период да ги реализраме се истражувањето кое ќе го спроведе посебна консултантска куќа, кое е предвидено да заврши до крајот на летото и од каде ќе треба да добиеме основни информации, истакна Зекир Абдулов од „Кхам“-Делчево.

Освен истражувањето предвидени се и обуки за жените и на кои ќе им биде овозможено да се вклучат во јавниот и политичкиот живот преку посебни обуки и методологија. Нагласи дека предвидено е обучените жени да можат да вршат мониторинг на изборните процеси и завршна конференција на која ќе бидат преставени резултатите од проектот и од истражувањето.

 
 
12.05.2016 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега