Уште една партија достави пратенички листи до ДИК - ВМРО-ДПМНЕ своите ќе ги поднесе пред полноќ

 

Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски попладнево околу 19 часот ги доставила своите кандидатски листи до Државната изборна комисија. Високи извори од комисијата за Press24 и официјално ги потврдија овие информации. Според нив, партијата доставила кандидатски листи во сите 6 изборни единици. 


Претходно кандидатски листи во сите 6 единици достави и НДМ на Јанко Бачев.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека своите листи ќе ги достави пред полноќ, a Press24 веќе ги објави носителите.
СДСМ, ДУИ и ДПА најавија дека нема да поднесат кандидатски листи.

 
 
11.05.2016 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега