Груевски го матира Заев: Штом се храбриш дојди на избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите

Слушнав од медиумите дека господинот Заев кажал дека дека е многу сигурен дека ќе ги добие изборите на 5 јуни и дека стравува дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ги изгубело изборите на 5 јуни ќе ги признае и дека затоа не сакал сега да има избори, изјави денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој јавно го повика Зоран Заев да излезе на избори.

-Колку и да звучи небулозно сето тоа што го кажува, еве јавно го повикувам има доволно време до крајот на денот, слободно да не се плаши од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги признае изборите или нема, да достави листи. Јавно му ветувам дека ако достави листи ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни ќе ги признае изборите и нема да има никаков проблем, потенцира Груевски.

 

 
 
11.05.2016 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега