Официјално: ВМРО-ДПМНЕ поднесува кандидатски листи за пратеници

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници. Информацијата за Press24 ја потврди Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски.

„Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија да достави листи на кандидати за предвремените Парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Извршниот и Централниот комитет го утврдија составот на листите и по завршување на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК.

Извршниот и Централниот комитет на партијата, исто така одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во која што СДСМ ја втурна Република Македонија.“ - вели Котевски за Press24.

 
 
11.05.2016 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега