Анкетата на „Павел Шатев“ покажува референдумско ПРОТИВ уништувањето на спомениците

Во периодот помеѓу 06 и 08 мај 2016 година Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

Денеска го објавија вториот дел од нивната анкета на две прашања:

Граѓаните сметаат дека опозицијата предводена од СДСМ не се бори за слобода и демократија, туку за власт. 64 отсто од испитаните лица велат дека опозицијата води гола борба за власт и дека води класична политичка битка за приграбување на власта.

„Заради политичките протести не може да се оправдува уништување и сквернавење на споменици“ сметаат 67,1 отсто од испитаните граѓани. Само 22,3 од нив сметаат дека „Бомбите со боја со која се фарбаат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција“.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Со оглед дека целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето.

Во првиот дел од анкетата беа обелодените рејтинзите на партиите. Подрршката за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски расте, покажува последната телефонска анкета на Институтот Павел Шатев спроведена во периодот помеѓу 6-ти и 8- ми мај 2016 година на 1 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 30,8 отсто од испитаниците одговориле Никола Груевски, додека 11,4 отсто Зоран Заев. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, резултатите покажуваат намалување на рејтингот на Заев за 0,6%, и истиот тогаш изнесувал 12%, додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30.8%.

 

 
 
11.05.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега