ВМРО-ДПМНЕ пред конечна одлука за изборите на 5 јуни

Се уште течат разговорите и се прават внатрешни анализи по што ќе се знае финалната позиција на партијата за изборите на 5 јуни. Ваков коментар дале од ВМРО-ДПМНЕ за Дневник на прашањето какви се партиските позиции околу закажаните избори на 5 јуни.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Дневник велат дека остануваат на ставот дека во согласност со закажаните избори и роковите од Изборниот законик кои веќе течат, партијата се подготвува за избори, вклучително и за кампања и за пратенички листи што треба да бидат предадени во ДИK вечерва до полноќ. Партиски информации говорат дека дури и 70 отсто од можноста кандидатите за пратеници се контактираат, веќе со месеци партијата промовира нови проекти кои ќе бидат дел од кампањата, а на граѓаните еден месец им се дели и отчетот за досега сработеното.

Сепак, како што пишува Дневник се може да остане без реализација во зависност од тоа каков ќе биде расплетот на политичката ситуација.
„Не е 100% сигурно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори, што пак не значи дека избори нема да има“ – велат неофицијални извори од владејачката партија за Дневник.

 
 
11.05.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа