ГРОМ решава за самостојно учество на изборите

Партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски не ја исклучува можноста сама да излезе на изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ не поднесе кандидатски листи во предвидениот рок. Иако се очекуваше ГРОМ до биде дел од коалицијата „За подобра Македонија“ во партијата на Јакимовски велат дека на ЦО денеска ќе одлучуваат за следните чекори.
„ГРОМ како партија е формирана за да оди на избори. ГРОМ е против бегање од избори“ – вели за Press24 Љупчо Пренџов, висок функционер во ГРОМ.
Тој вели дека околу листите партијата ќе одлучува на Централниот одбор.

 
 
11.05.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа